Свет

Мадуро номиниран за третиот претседателски мандат

Мадуро номиниран за третиот претседателски мандат

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е номиниран за трет мандат на чело на земјата, јавија француските медиуми.

Претседателските избори во оваа јужноамериканска земја се закажани за 28 јули. Датумот на претседателските избори беше одреден минатата недела по разговорите со опозицијата, а под покровителство на Норвешка.

Мадуро е на чело на Венецуела од 2013 година кога го наследи починатиот Уго Чавез. Земјата се наоѓа во тешка економска криза и доживеа насилни протести против претседателот, чиј реизбор во 2018 година не го признаа повеќе од 60 земји.

Членови на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела вчера, очекувано, повторно го избраа 61-годишниот Мадуро за кандидат на владејачката партија за највисоката функција во земјата.

На 28 јули е роден Хуго Чавез – политичкиот ментор на Мадуро, кој самиот вели дека ја следи неговата доктрина – чавизмот.

Засега не е јасно кој ќе биде кандидат на опозицијата за претседателската функција. Марија Корина Мачадо победи на прелиминарните избори на опозицијата во октомври со 92 отсто од гласовите, но во јануари Врховниот суд пресуди дека таа нема право да се кандидира за претседател бидејќи ги поддржува американските санкции врз земјата.

To top