Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е заробен денеска рано изутрината од страна на припадници на единицата за специјални мисии на американската војска „Делта форс“, изјавија американски официјални претставници за Си-Би-Ес њуз.
Не се соопштени повеќе информации за акцијата за заробувањето на Мадуро. Се очекува деталите да ги објави претседателот Доналд Трамп на прес-конференција во Мар-а-Лаго во 11 ласот по локално време.
Трамп претхно преку објава на Truth Social потврди денеска дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата, напиша Трамп.