Свет исклучително важна пресвртница

Лондон и Берлин го поздравија примирјето меѓу Индија и Пакистан

Ги повикувам двете страни да го почитуваат. Деескалацијата е во интерес на сите, напиша Лами на мрежата Икс.

Лондон и Берлин го поздравија примирјето меѓу Индија и Пакистан

Примирјето кое го договорија денеска Индија и Пакистан по повеќедневните напади меѓу двете земји, го поздравија Лондон и Берлин.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами изјави дека прекинот на огнот е „исклучително добредојден“.

„Ги повикувам двете страни да го почитуваат. Деескалацијата е во интерес на сите“, напиша Лами на мрежата Икс.

Берлин го поздрави денеска објавеното примирје како „исклучително важна пресвртница“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и итен прекин на огнот. Честитки до двете страни за нивниот здрав разум и интелигенција“, објави пред неколку часа американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл.

Примирјето следи по повеќе неделник судири, прекугранични напади со ракети и дронови поттикнати од убиството на турист на 22 април во индискиот дел на Кашмир за што Индија го обвини Пакистан. Тоа беше најсериозна конфронтација меѓу двете земји во последните децении, а во судирите загинаа десетици цивили од двете страни.

To top