Свет

Лидерката на АфД: Земјата што го крена во воздух Северен тек не може да биде пријател на Германија

Копетседателката на партијата Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, предупреди дека нејзината партија, во случај да дојде на власт, ќе бара Украина да ја надомести штетата предизвикана од саботажата на гасоводот Северен тек.

Лидерката на АфД: Земјата што го крена во воздух Северен тек не може да биде пријател на Германија

Копетседателката на партијата Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, предупреди дека нејзината партија, во случај да дојде на власт, ќе бара Украина да ја надомести штетата предизвикана од саботажата на гасоводот Северен тек.

-Недостатокот на евтин природен гас е штетен не само за Германија, туку и за цела Европа, но најмногу влијае на Германија, рече Вајдел на партиски состанок во сојузната покраина Баден-Виртемберг на југозападот од земјата.

-Како е можно германската Влада да има толку малку самопочит што дури и не бара истрага? Можам да кажам што ќе правиме кога ќе дојдеме на власт. Ќе бараме надомест. Украинците, Володимир Зеленски, едноставно мора да платат за дигањето во воздух на нашиот гасовод, нагласи таа.

Вајдел рече дека земја што се однесува на таков начин не може да биде пријател на Германија. Таа додаде дека Германија доделила повеќе од 70 милијарди евра помош на Украина.

-Им испративме оружје. Канцеларот Фридрих Мерц вети дека ќе испрати германски војници. Како може да биде толку рамнодушен кон историјата? И, патем, да испрати германски тенкови против Русија, рече таа.

„Дер Шпигел“ објави во четвртокот дека германскиот Сојузен Врховен суд смета дека е „многу веројатно“ експлозиите да биле извршени „по налог на странска држава“. Во одлуката од 10 декември, цитирана од списанието, Украина е наведена како можен организатор.

Овој заклучок е донесен за време на жалбената постапка на одбраната на украинскиот државјанин Сергеј К., осомничен за учество во нападите, кој моментално е во притвор во Германија откако беше уапсен во Италија минатата година.

Инцидентот се случи на 26 септември 2022 година и предизвика голема штета на три цевководи од „Северен тек“, како и на „Северен тек 2“, што никогаш не беше пуштен во употреба. Руското државно обвинителство започна истрага за случајот и го квалификуваше како чин на меѓународен тероризам.

Најнови вести од Свет

To top