Лидерите на Групата седум размислуваат за нови санкции за ракетната програма на Иран, соопшти Белата куќа, по виртуелниот состанок со цел консултации за дипломатски одговор на нападот врз Израел.
– Голем дел од светот денес стои со Израел, изјави портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.
Во Г7 се САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Канада и Италија. Во консултациите на групата учествува и Европската унија.