Свет

Лавров во посета на Венецуела

Лавров од Венецуела ќе отпатува за Бразил на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20.

Лавров во посета на Венецуела

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во рамки на турнејата во Јужна Америка денеска допатува во Каракас, каде ќе се сретне со венецуелскиот колега Иван Хил и со претседателот Николас Мадуро.

Лавров во Венецуела допатува од Куба, каде имаше средба со претседателот Мигел Дијаз-Канел Бермудез и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез.

Како што соопшти руското МНР, на средбите било потврдено дека двете земји се фокусирани на целосно зајакнување на руско-кубанското стратешко партнерство.

– За време на разговорите беше изразен непроменетиот пристап на Русија и Куба во однос на категоричната недозволивост на употреба на еднострани нелегитимни ограничувања, се наведува во соопштението на руското МНР.

Исто така се додава дека Русија ја потврдила континуираната поддршка за Куба во нејзиното барање за целосно и итно укинување на американското ембарго и отстранување на земјата од списокот на американскиот Стејт департмент на држави спонзори на тероризмот.

Лавров од Венецуела ќе отпатува за Бразил на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20.

To top