Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Геир Педерсен.
Средбата се одржа на маргините на 22. Форум во Доха, што денеска и утре се одржува во Катар.
Се очекува денеска во Доха да се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на форматот од Астана за решение на конфликтот во Сирија.