Свет

Ламерт: Земјите членки мора да ги штитат границите на ЕУ на достоинствен и хуман начин

-Комисијата ја нотираше овонеделната пресуда на Европскиот суд за човекови права, но не коментира конкретни пресуди. Земјите членки треба да обезбедат усогласеност со пресудите под надзор на Комитетот на министри на Советот на Европа, така што, како што реков, не навлегуваме во овој конкретен случај, рече Ламерт. 

Ламерт: Земјите членки мора да ги штитат границите на ЕУ на достоинствен и хуман начин

Земјите членки на ЕУ имаат обврска да ја штитат надворешната граница на Унијата, но при тоа мора да дејствуваат на достоинствен и хуман начин согласно европското и меѓународното право и да ги почитуваат нивните обврски, вклучувајќи го и почитувањето за основните човекови права, изјави портпаролот на ЕК за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото, Маркус Ламерт во врска со пресудата на Европскиот суд за човекови права против Грција за „систематско враќање на мигрантите“.

-Комисијата ја нотираше овонеделната пресуда на Европскиот суд за човекови права, но не коментира конкретни пресуди. Земјите членки треба да обезбедат усогласеност со пресудите под надзор на Комитетот на министри на Советот на Европа, така што, како што реков, не навлегуваме во овој конкретен случај, рече Ламерт.

Тој нагласи дека националните власти треба да обезбедат усогласеност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, а во однос на конкретниот случај Еврокомисијата соработувала со грчките власти во изминатите години и продолжува со тоа, за да се обезбеди истрага за наводите за нехуман однос кон мигрантите и нивно присилно враќање.

-Ние сме во постојана размена на информации и контакт со грчките власти кога станува збор за справувањето со миграцијата и имплементацијата на воспоставениот систем, рече Ламерт, најавувајќи дека еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Маркус Брунер следната недела ќе ја посети Грција, што ќе биде можност да ги покрене и овие прашања пред грчките власти.

To top