Свет

Лајчак: Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи в понеделник, лидерите ќе мора да се позанимаваат со договорот

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска најави дека следниот понеделник во Брисел ќе продолжат дискусиите за одлуката за готовинските трансакции во Косово.

Лајчак: Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи в понеделник, лидерите ќе мора да се позанимаваат со договорот

Тој на социјалната мрежа Х соопшти дека денеска со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими разговарал за спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација, како и за влијанието на одлуката врз готовинските трансакции.

– Се договоривме да продолжиме со ова прашање следниот понеделник, додека лидерите ќе мора да се позанимаваат со Договорот, напиша тој.

To top