Кремљ денеска ги демантираше наводите на турските медиуми дека сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма побарала развод и планира да замине од Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков исто така негираше оти на Асаф не му е дозволено да ја напушти Москва и оти му е замрзнат имотот.
– Не, тоа не одговара на вистината, истакна Песков.
Турски и арапски медиуми вчера објавија дека Асма Асад, која има британско државјанство, поднела барање за развод. На Асад и семејството им е даден азил во Русија, откако сириските бунтовници на 8 декември го зазедоа главниот град на Сирија, Дамаск. (МИА)