Свет

Кошта: Договорот за прекин на огнот не мора да значи доаѓање на мирот

Кошта: Договорот за прекин на огнот не мора да значи доаѓање на мирот

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во интервју за Украинформ истакна дека секое потпишување на договорот за прекин на огнот во војната на Русија против Украина нема нужно да значи доаѓање на мирот.

– Многу луѓе погрешно веруваат дека мирот ќе дојде автоматски ако се постигне договор за прекин на огнот. Мирот во Украина треба да биде заснован на меѓународното право и не треба да го награди агресорот, посочи Кошта, кој веднаш по преземањето на функцијата ја посети Украина.

Тој нагласи дека Украина мора да добие финансиска, политичка, дипломатска и воена поддршка.

– Но, само од Украина зависи кога и како е можно да се постигне мир, нагласи Кошта.

Тој се осврна и на глобалната безбедност, при што истакна дека ЕУ треба да го развие „европскиот столб на НАТО“.

– Верувам дека тоа ќе биде добар придонес за создавање побалансирани односи на трансатлантско ниво. Како што сите знаеме, САД имаат и други геополитички приоритети освен Европа, така што мораме да ја ребалансираме распределбата на нашите безбедносни и одбранбени трошоци, наведе Кошта.

Претседателкот на Европскиот совет најави дека ЕУ во моментов развива нов 15-ти пакет санкции против Русија.

To top