Свет

Комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим ќе остане затворен се додека не се осигура неговата безбедност

Шефот на УНРВА, Филипе Лазарини во „Екс“ напиша дека решил објектот да остане затворен додека не се осигури безбедноста. Според него, инцидентот што се случи вчера е втор од ваков вид за помалку од една недела.

Комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим ќе остане затворен се додека не се осигура неговата безбедност

Претставништвото во Источен Ерусалим на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) ќе остане затворено откако израелските демонстранти запалија дел од комплексот.

Шефот на УНРВА, Филипе Лазарини во „Екс“ напиша дека решил објектот да остане затворен додека не се осигури безбедноста. Според него, инцидентот што се случи вчера е втор од ваков вид за помалку од една недела.

„Ова е вознемирувачки развој на настаните. Животите на вработените во ОН повторно се во сериозен ризик. Како окупаторска сила, Израел сноси одговорност да гарантира дека персоналот и објектите на ОН се заштитени во секое време“, рече Лазарини.

УНРВА беше создадена за да им помогне на Палестинците кои избегаа или беа протерани од своите домови за време на војната во 1948 година – во периодот кога е основана државата Израел. Агенцијата долго време е цел на израелско непријателство.

Израелската полиција соопшти дека започнала истрага за подметнувањето пожар во комплексот Агенцијата.

Прелиминарните податоци од полициската истрага покажуваат дека сторителите се малолетни лица, за кои се вели дека се под законскиот праг за кривична одговорност“, се вели во соопштението.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, претставници на израелските власти бараат затворање на агенцијата, обвинувајќи ја за соработка со радикалната палестинска група „Хамас“ – обвинение кое ОН категорично го отфрла.

To top