Свет Премногу цивили се убиени

Колона: Франција повикува на моментален и траен прекин на огнот во Газа

Франција се приклучи на повиците за „моментален и траен“ прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, јавија француските медиуми.

Колона: Франција повикува на моментален и траен прекин на огнот во Газа

Шефицата на француската дипломатија, Кетрин Колона, синоќа од Израел изјави дека Париз е „длабоко загрижен“ за ситуацијата на оваа палестинска територија.

-Премногу цивили се убиени, додаде Колона по средбата со нејзиниот израелски колега Ели Коен во Тел Авив.

Меѓутоа, таа нагласи и дека не смеат да се заборават и жртвите од нападот на Хамас на 7 октомври.

To top