Едно лице загина, а осум се повредени, од кои четворица потешко во падот на воен хеликоптер во Киргистан, соопшти Министерството за одбрана.
-Во хеликоптерската несреќа еден војник загина, осум лица се повредени. Четворица се на интензивна нега, еден е тешко повреден, четворица се со умерени повреди. Сите се во Итната помош, изјави портпаролот на министерството, пренесуваат руските медиуми.
Претходно беше соопштено дека хеликоптер „Ми-8“ на киргистанската армија се урна денеска на периферијата на Бишкек за време на тренажен лет.