Свет „Украинска правда“

Киев: При руското гранатирање на Харков загинаа најмалку седум лица

Олег Сињегубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека Русите погодиле цивилни инфраструктурни објекти во Харков, но го нападнале и градот Золочив.

Киев: При руското гранатирање на Харков загинаа најмалку седум лица

Руските сили ја гранатираа цивилната инфраструктура на Харков и Харковската област, при што е погодена и една печатница, пренесува Украинска правда.

Во нападот загинаа седум лица, а бројот на ранети се искачи на 20, објави на Фејсбук Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Олег Сињегубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека Русите погодиле цивилни инфраструктурни објекти во Харков, но го нападнале и градот Золочив. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top