Кандидат на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на европските избори е избоден со нож во градот Мајнхајм, само неколку дена откако еден полицаец беше убиен, а друг и уште пет лица беа повредени во напад со нож во истиот град.
Нападот со нож се случил доцна синоќа во близина на истиот пазар каде во петокот се случи претходниот напад, јави ДПА.
Агенцијата јави дека кандидатот на АфД, кој не е именуван, наводно фатил некој кој се обидувал да искине изборен плакат и кога се соочил со лицето, бил нападнат со нож. Локалниот политичар се уште е во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата најави дека повеќе информации ќе соопшти подоцна и оти истрагата е во тек. (МИА)