Првите камиони со помош во храна влегоа во Газа преку новоотворениот северен премин, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Во соопштението од војската се наведува дека камионите биле прегледани на преминот Керем Шалом на границата со Египет пред да тргнат кон север, пренесува Тајмс оф Израел.
Израел го засили снабдувањето по зголемениот притисок за олеснување на хуманитарната криза во енклавата. Претходно овој месец, Израел најави дека повторно ќе го отвори преминот Ерез, кој беше затворен од почетокот на војната со Хамас во октомври минатата година.