Свет Бајден е на потег

Камала Харис, сепак, ќе биде првата жена претседател на САД?

Си-ен-ен најде рецепт како и покрај се’, Камала Харис да биде првата жена претседател на САД. Топката е кај Џозеф Бајден.

Камала Харис, сепак, ќе биде првата жена претседател на САД?

И покрај катастрофалниот пораз од Доналд Трамп, „остроумните“ продемократски аналитичари најдоа начин како да и го ублажат поразот. И да ја направат Камала претседател. Макар, на кратко. Ќако и да е, ќе и се брои. На потег е Џозеф Бајден.

Како од пушка, промуќурниот политичкиот коментатор на Си-ен-ен, Џамал Симонс, изјавува „Џо Бајден беше феноменален претседател“, за потоа да му накачи уште една обврска на 81-годишниот претседател, да биде „транзициска фигура“.

Како да го направи тоа?„Тој треба да даде оставка на својата позиција во следните 30 дена и да ја назначи Камала за претседателка на САД,“ изјавува Симонс. Тој објаснува дека со ова Бајден ќе го исполни своето „последно ветување“ дека Камала Харис ќе биде 47-ма претседателка на САД, а „Трамп ќе мора сè да ребрендира, и ќе и олесни на следната жена кандидат за претседател, да не мора да го носи товарот да биде прва претседателка на САД.“

Се чека на Бајден…

Најнови вести од Свет

To top