Свет Mора останеме смирени, да го задржиме нашиот став и да дејствуваме единствено.

Калас: Сувереноста на Гренланд не е на продажба

– Ниту една земја нема право да презема територијата на друга, ниту во Украина, ниту на Гренланд, ниту каде било во светот, потенцира високата претставничка на ЕУ.

Калас: Сувереноста на Гренланд не е на продажба

Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа, бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас на денешната дебата во Европарламентот посветена на „Територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска“.

– Европската Унија без никаков сомнеж стои зад Гренланд и Кралството Данска во одбрана на нивниот територијален интегритет и суверенитет, изјава Калас, нагласувајќи дека е свесна за стратешки важност на Гренланд, како место каде минуваат клучните подморнички рути и како извор на ретки суровини значајни за глобалната економија.

Сепак, според неа, најавите на американскиот претседател Доналд Трамп од саботата за воведување на царини кон земји што „не го поддржуваат американското преземање на Гренланд“, создаде ситуација каква што не е доживеана досега.

– Во нашиот одговор на ова мора останеме смирени, да го задржиме нашиот став и да дејствуваме единствено. ЕУ е близок и сигурен партнер на Гренланд. Лидерите на Гренланд и Данска беа апсолутно јасни дека за иднината на Гренланд можат да одлучат само неговите граѓани. САД, Данска и Гренланд се вклучени во директни разговори, тоа е она што го прават одговорните сојузници – разговараат. Но, важен е тонот на овие разговори, како и заканите упатени надвор од нив, рече Калас.

Според неа, директните закани нема да извршат притисок врз Данска да се откаже од Гренланд, туку тие само ризикуваат да ги осиромашат и Европа и САД и да го поткопаат нивниот заеднички просперитет.

– Немаме интерес да започнуваме борба, но ќе се држиме до нашите позиции. Европа има утврдени алатки за заштита на своите интереси, истакна Калас.

Таа нагласи дека е свесна за стратешката важност на Арктикот и дека постојани расте ризикот од зголемено присуство на Русија и Кина во регионот во следните години.

– Но, и ако постои загриженост за безбедноста на Гренланд, НАТО е добро подготвен да се справи со неа. Изминатата недела голем број европски земји испратија воен персонал на Гренланд. Ова присуство има за цел да го одржи регионот безбеден, предвидлив и стабилен. Тоа не претставува закана, бидејќи одбраната и заштитата на Гренланд е заедничка грижа на Европа и на НАТО, рече Калас.

Според неа, проценките на ЕУ се дека Арктикот се повеќе станува регион од стратешко значење особено што климатските промени го трансформираат со брзина како ниту едно друго место на Планетата, топејќи го мразот и отворајќи нови пловни патишта и економски можности, но исто и создавајќи нови ризици.

– Руската воена агресија врз Украина го преобликува европскиот безбедносен пејзаж надвор од самата Украина. Арктикот не е изолиран од ова. Русија ја нарушува прекуграничната и регионалната соработка на Далечниот Север и ги интензивирани хибридни активности, додека во исто време милитаризира делови од регионот, изјави Калас.

Таа истакна дека политичките тензиите и зголемената економска конкуренција во Арктикот бараат одговор од Европската Унија, заедно со нејзините партнери, кој треба да биде реален и принципиелен и да биде воден од принципите на меѓународното право.

– Ниту една земја нема право да презема територијата на друга, ниту во Украина, ниту на Гренланд, ниту каде било во светот, потенцира високата претставничка на ЕУ.

Од тие причини, според Калас, ЕУ ја зајакнува својата подготвеност за справување со ризиците, својата општествена отпорност за заштита на критичната инфраструктура, заедниците и демократските институции од хибридни закани, како и својата економска безбедност преку заштита на синџирите на снабдување и намалување на стратешката зависност.

– Безбедноста не зависи само од военото присуство, туку и од довербата, и од стабилноста, и од луѓето. Додека се справуваме со овие нови предизвици, остануваме водени од приоритетите изразени од самите власти на Гренланд за одржлив развој, социјална кохезија и за почитување на животната средина, рече Калас.

Таа посочи дека климатските промени, деградацијата на животната средина и безбедносните ризици не запираат на границите и ниту една земја не може сама да се справи со ваквата закана.

– Меѓународниот поредок базирана на правила и ефективната мултилатерална соработка се од суштинско значење. Кога Европа е обединета, кога сме силни, можеме да ги браниме нашите интереси и вредности, вклучително и на Далечниот Север. Нашиот ангажман во Арктикот мора да ја одрази оваа реалност. Да биде цврст во однос на геополитичките и геоекономските предизвици, решителен во однос на климатските промени и фокусиран на луѓето што живеат во регионот. Во овој напор, ние стоиме зад Гренланд и Кралството Данска, заклучи Калас во обраќањето на дебатата во Европарламентот.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top