Свет ќе се разговара и за случувањата во Газа

Калас очекува ФАЦ да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација

– Ќе ги прошириме листите на санкционирани со неколку конкретни лица одговорни за спроведување насилството врз мирните демонстранти, како и со неколку субјекти – додаде Калас.

Калас очекува ФАЦ да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација

Очекувам дека на денешниот состанок ќе постигнеме договор за да го ставиме иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда на листата на терористички организации на Европската Унија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ).

– Тоа ќе ја стави на исто ниво со Ал каеда, Хамас и Исламската држава. Ако се однесувате како терорист, треба да бидете и третирани како терорист – рече Калас.

Според неа, реакциите и мерките што ги преземаа властите како одговор на протестите во Иран беа „навистина многу сериозни“, па затоа треба да им се испрати јасна порака дека потиснувањето на луѓето има цена и дека ќе бидат санкционирани за тоа.

– Ќе ги прошириме листите на санкционирани со неколку конкретни лица одговорни за спроведување насилството врз мирните демонстранти, како и со неколку субјекти – додаде Калас.

Таа најави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ ќе стане збор и за случувањата во Сирија, особено во северниот дел на земјата.

– Во контакт сме со нашите регионални партнери и секако она што се случува е причина за голема загриженост. Ќе разговараме за ова, но во моментот немаме многу предлози на маса – рече Калас.

Таа најави дека на состанокот ќе се разговара и за случувањата во Газа, како за тоа што може да направи ЕУ за да придонесе за стабилност во африканскиот регион на Големите Езера. (МИА)

To top