Свет

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Израел го смета Либан одговорен за денешниот ракетен напад врз регионот Галилеја и силно ќе одговори на заканите за безбедноста на земјата, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

-Ќе ја осигураме безбедноста на жителите на Галилеја и ќе дејствуваме силно против секоја закана“, наведе тој во соопштение, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Кац нагласи дека без мир во северните погранични градови на Израел, „нема да има мир ниту во Бејрут“.

Две ракети од Либан утринава биле истрелани врз северен Израел, откако биле активирани сирените во пограничните населби, соопшти израелската војска (ИДФ).

Според соопштението, една од ракетите била пресретната, а другата паднала на либанска територија, пишува „Тајмс оф Израел“. Ова е втор напад од Либан во изминатата недела, откако на 22 март беа истрелани три ракети врз израелскиот град Метула.

Најнови вести од Свет

To top