Свет

Кабинетот на Зеленски негира дека Украина е подготвена на создавање демилитаризирана зона во Доњецкиот регион

Претставници на Кабинетот на украинскиот претседател денеска објаснија дека француски „Ле Монд“ погрешно ги протолкувал зборовите на Михаил Подолјак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, сугерирајќи дека Украина е подготвена да се согласи со создавање демилитаризирана зона во Доњецкиот регион, објави „Укринформ“.

-Дали Украина се согласува или не (за создавање тампон-зона во Доњецкиот регион) може да се одлучи само на највисоко политичко ниво или од народот на Украина. Претседателот вчера тоа им го кажа на новинарите, објасни Дмитро Литвин, советник за односи со јавноста на украинскиот претседател.

Зеленски вчера изјави дека САД предлагаат повлекување на украинската армија од териториите што сè уште ги контролира во Доњецкиот регион, како и демилитаризација и создавање „слободна економска зона“ во оваа област.

Според него, Американците предлагаат повлекување на украинските сили од територијата на регионот Доњецк, а наводниот компромис е руските сили да не влегуваат во тој дел од регионот што моментално е под контрола на Киев.

САД ја нарекуваат оваа територија „слободна економска зона“ или „демилитаризирана зона“, иако контролата врз неа останува недефинирана. Според Зеленски, ова не одговара на интересите на Киев, но дијалогот мора да продолжи.

Францускиот весник „Ле Монд“ вчера објави статија во која се тврди дека Украина е подготвена да се согласи на создавање демилитаризирана зона во регионот Доњецк како средство за завршување на војната, забележува Укринформ.

Најнови вести од Свет

To top