Свет Писмената изјава

Јужнокорејскиот министер за одбрана понуди оставка, ја презема одговорноста за превирањата

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол прогласи воена состојба вчера „за да ги искорени просевернокорејските сили и да се заштити уставниот поредок“, што предизвика бес кај мнозинството членови на парламентот кои гласаа за резолуција со која се бара укинување на воената состојба. 

Јужнокорејскиот министер за одбрана понуди оставка, ја презема одговорноста за превирањата

Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Јонг-хјун денеска и се извини на јавноста за предизвикување загриженост во врска со воведувањето на воена состојба и понуди оставка.

-Ја понудив мојата оставка на претседателот, преземајќи ја одговорноста за сите превирања предизвикани од воената состојба, напиша тој во писмената изјава дадена за јужнокорејските медиуми.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол прогласи воена состојба вчера „за да ги искорени просевернокорејските сили и да се заштити уставниот поредок“, што предизвика бес кај мнозинството членови на парламентот кои гласаа за резолуција со која се бара укинување на воената состојба.  (МИА)

To top