Свет

Јужна Кореја и ОАЕ потпишаа договор за одбрана вреден 35 милијарди долари

Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа меморандум за разбирање за зајакнување на одбранбената соработка вредна повеќе од 35 милијарди долари, при што вкупната вредност на договорените заеднички проекти надминува 65 милијарди долари, соопшти денеска претседателската канцеларија во Сеул.

Шефот на кабинетот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, Канг Хун-сик, изјави по враќањето од ОАЕ дека договорот опфаќа проекти во секторите за воздушна одбрана, воздухопловство и морнарица.

Претседателската канцеларија, според „Кореја Хералд“, соопшти дека за време на посетата на специјалниот пратеник за стратешка економска соработка, договорена е промоција на проекти вредни повеќе од 65 милијарди долари, вклучувајќи повеќе од 35 милијарди долари во секторот за одбранбена индустрија.

Во соопштението се вели дека „најголемото достигнување на посетата“ е финализирањето на проектите за одбранбена индустрија вредни повеќе од 35 милијарди долари и дека двете земји отишле подалеку од односот купувач-продавач на оружје и се согласиле да соработуваат во текот на целиот циклус на одбранбениот систем, од дизајнирање до обука и одржување.

Канг по враќањето во Јужна Кореја изјави дека одбранбената соработка е можна само со високо ниво на меѓусебна доверба, нагласувајќи дека потпишувањето на меморандумот е резултат на довербата меѓу двајцата лидери и долгогодишната соработка.

За време на посетата, двете страни се согласија и да ја прошират соработката во областа на нуклеарната енергија, вклучително и снабдувањето со нуклеарно гориво, подобрувањето на одржувањето на електраните и примената на вештачката интелигенција во управувањето со електраните.

Извор МИА

To top