Јулија Навални, вдовица на опозицискиот лидер Алексеј Навални, ги повика Русите да се приклучат на протестот на денот на изборите на 17 март напладне и да гласаат против рускиот претседателот Владимир Путин или да дадат неважечко ливче.
Во видеото објавено на онлајн платформата „Јутјуб“, Навална рече дека е охрабрена од огромната толпа што се појави минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во арктичката казнена колонија на 16 февруари. Оттогаш, обожавателите на Навални постојано оставаат цвеќе на неговиот гроб на московските гробишта.
Taa ги повика луѓето да се приклучат на протестната акција на 17 март, на која Aлексеј Навални, најистакнатата руска опозициска фигура, повикуваше непосредно пред да умре. Неговата идеја беше луѓето да протестираат, без никаков ризик од апсење, со тоа што сите ќе излезат масовно во исто време напладне на денот на изборите во градовите низ земјата.
„Мора да го искористиме денот на изборите за да покажеме дека постоиме и дека сме многу, изјави Јулија Навални.