Јордан денеска соопшти дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската групација „Хезболах“, која е поддржана од Иран, треба да послужи како поттик за засилување на меѓународните напори за завршување на војната во Газа.
Во официјалното соопштение од Кралството се наведува дека прекинот на огнот е прв чекор за спречување на ескалацијата на тензиите во регионот, која претставува закана за мирот и безбедноста. (МИА)