Израелско-американски заложник влегол во Израел во понеделникот откако бил ослободен од Хамас, а борбите во Појасот Газа биле прекинати во тој период, објави израелската армија, но засега нема договор за поширок прекин на огнот или ослободување на преостанатите заложници од палестинската енклава која е загрозена од глад.
Израелската војска објави дека го презела Идан Александер откако Црвениот крст објави дека помогнал во неговиот безбеден трансфер по 583 дена месеци минати во заточеништво.
Александер е последниот Американец што го држи Хамас. Роден во Тел Авив и израснат во Њу Џерси, Александер служел во елитна пешадиска единица на границата со Газа кога бил заробен од милитантите на Хамас на 7 октомври 2023 година и одведен во Газа.
Израелската телевизиска станица Channel 12 објави дека неговата состојба е „лоша“ без да наведе извор.
Борбите во Појасот Газа беа прекинати напладне за да може заложникот безбедно да оди во Израел. Хамас соопшти дека го ослободил како гест на добра волја кон американскиот претседател Доналд Трамп, кој оваа седмица е во посета на регионот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека е ослободен поради израелскиот воен притисок во Појасот Газа и политичкиот притисок од Трамп. Нетанјаху нагласи дека нема да има прекин на огнот и дека воената операција во Газа продолжува да се интензивира.
Ослободувањето на Александер би можело да го отвори патот за ослободување на преостанатите 58 заложници што ги држи Хамас во Појасот Газа. Од 251 заложник земени за време на нападот на Хамас, 59 сѐ уште се во Газа а се верува дека уште 24 се живи. Се верува дека петмина американски државјани се во Газа, а Александер е единствениот жив.
Израел ќе испрати делегација во Катар во четврток за да разговара за нов предлог за прекин на огнот, чија цел е ослободување на преостанатите заложници, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.