Свет Ужасот продолжува

Израелските сили убија тројца Палестинци во рација на Западниот Брег

Насилството на Западниот Брег се интензивира од 7 октомври, кога започна израелската војна против Хамас, кој владее со друга палестинска територија, појасот Газа.

Израелските сили убија тројца Палестинци во рација на Западниот Брег

Израелските сили убија тројца палестински екстремисти на северниот дел на Западниот Брег во најновата ескалација на насилството на окупираната територија.

Во заедничкото соопштение на израелската полиција и службата за безбедност Шин Бет, се наведува дека Палестинците биле убиени во размена на оган со израелските сили, што се случило доцна синоќа при апсење во селото Иктаба.

Палестинското Министерство за здравство ја потврди смртта на тројца мажи, а бригадите на мачениците Ал Акса, военото крило на владејачката партија Фатах, ги идентификуваа како нејзини членови.

Иктаба е веднаш до градот Тулкарм, место на жестоки судири во последните месеци.

По последното насилство, на социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа како Палестинците се убиваат од непосредна близина.

Според извештаите, таквите видеа не можат да се проверат, а на нив се гледа дека војниците продолжуваат да пукаат во ранет Палестинец, кој лежи на земја, и врз телото на еден од убиените минува израелско оклопно возило.

Насилството на Западниот Брег се интензивира од 7 октомври, кога започна израелската војна против Хамас, кој владее со друга палестинска територија, појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство наведува дека за тоа време од страна на израелските сили биле убиени 337 Палестинци.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top