Свет Дел од договорот

Израелскиот безбедносен кабинет изгласа ИДФ да останат во коридорот Филадефија во Газа

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир беше единствениот воздржан за време на гласањето.

Израелскиот безбедносен кабинет изгласа ИДФ да останат во коридорот Филадефија во Газа

Израелскиот безбедносен кабинет гласаше за останување на израелските војници во коридорот Филаделфија, 14 километри долга погранична област меѓу Појасот Газа и Египет, како дел од договорот за прекин на огнот во палестинската енклава и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, со што го поддржа ставот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по тоа прашање, изјави утрово неименуван висок функционер од кабинетот на премиерот.

Безбедносниот кабинет синоќа со големо мнозинство го поддржа ставот на Нетанјаху, а мапите кои повикуваат израелските војници да останат во коридорот во Филаделфија веќе се одобрени од САД, рече официјалниот претставник, мислејќи на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, изнесен од американската администрација претходно овој месец, објави „Тајмс оф Израел“.

Минатиот месец, Нетанјаху го вклучи останувањето на израелските војници во коридорот Филаделфија како ново барање во преговорите со Хамас, инсистирајќи дека тоа е неопходно за да се спречи континуираниот шверц со оружје.

На синоќешната седница на кабинетот за безбедност, осум министри го поддржаа ставот на Нетанјаху за коридорот во Филаделфија, додека само израелскиот министер за одбрана Јоав Галант гласаше против бидејќи верува дека тоа ќе доведе до дополнително одложување на преговорите, ризикувајќи ги животите на заложниците.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир беше единствениот воздржан за време на гласањето.

На состанокот, Нетанјаху им рекол на министрите дека Хамас успеал да го изврши нападот на 7 октомври во јужен Израел бидејќи Тел Авив немал контрола над коридорот Филаделфија. Нетанјаху нагласил дека со одржувањето на контролата на коридорот, Израел ќе спречи да се случи уште еден таков напад бидејќи Хамас нема да може повторно да се вооружи.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top