Израелските безбедносни сили (ИДФ) соопштија дека погодиле ќелија на оперативците на Хезболах во јужен Либан, кои планирале да лансираат ракети кон Израел.
Нападот бил извршен со беспилотно летало во Таир Харфа, јужен Либан.
Утрово врз областа Маунт Мерон, каде се наоѓа израелската база за контрола на воздушниот сообраќај, беа истрелани неколку проектили од Либан. (МИА)