Свет критики

Израелски министер: Ова е погрешна насока, преговараме со нацистот и неговиот спонзор

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич на Х рече дека е јасно дека Израел не оди „во вистинската насока“ во сегашната војна против Хамас. „Фактот што по 41 ден (шефот на Хамас Јахја) Синвар сè уште може да води преговори за поставување услови за ослободување на заложниците, вели дека не одиме во вистинската насока“, смета екстремно десничарскиот политичар.

Тој истакна дека „дојде време воениот кабинет да почне да покажува сила, да ги прекине контактите и преку акции да му стави јасно до знаење на овој нацист и неговиот катарски покровител дека отсега Израел ги поставува условите“. Тој додаде дека Израелците „требале да бидат тие што ги одбиваат преговорите“ веќе некое време.

„Тоа е единствениот начин да се вратат сите заложници и безбедноста на државата Израел“, заклучил тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Инаку, Смотрич е познат по своите контроверзни изјави и ставови. Така, претходно оваа година тој го негираше постоењето на палестинскиот народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години.

To top