Свет

Израелската армија соопшти дека на пладне стапи во сила примирјето во Појасот Газа

Израелската армија соопшти дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа стапи во сила денеска во 12 часот (11 часот по македонско време).

-Од 12 часот израелските одбранбени сили почнаа да се распоредуваат по новите линии, како подготовка за спроведување на договорот за прекин на огнот и враќање на заложниците, се наведува во соопштението.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските војници ќе останат во Газа за да вршат притисок врз Хамас сè додека групата не биде разоружана. Тој додаде дека се очекува сите заложници да бидат ослободени во следните неколку дена.

Нетанјаху прецизира дека 20 од заложниците во Газа се живи, а 28 се убиени.

По објавата за примирјето, десетици илјади Палестинци денеска се упатија кон северниот дел на Појасот Газа.

To top