Израелската армија соопшти дека денеска нападнала позиција на Хамас во училиште со кое раководат ОН на северот на Газа и протоа се убиени 17 луѓе.
Од болницата што се наоѓа во близина соопштија дека има 37 луѓе загинати.
На нападот вчера му претходеше израелски напад врз училиште на ОН во центарот на Газа, во кој загинаа најмалку 33 лица, меѓу кои 12 жени и деца, според локалните здравствени власти, иако други извештаи велат дека бројот на жртви е поголем.
Шефот на УНРВА, Филип Лазарини, рече денешниот дека нападот бил извршен „без претходно предупредување“.
Тој додаде дека УНРВА „ги споделува координатите на сите свои капацитети (вклучувајќи го ова училиште) со израелската армија и другите страни во конфликтот“.
„Нападите, таргетирањето или користењето на зградите на ОН за воени цели се бесрамно непочитување на меѓународното хуманитарно право“, нагласи Лазарини.
Цел на денешниот напад беше училиштето Асма во бегалскиот камп Шати во северниот дел на Газа, со кое раководи Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).