Свет

Израелската армија изгради пат низ Газа

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си.

Израелската армија изгради пат низ Газа

ИДФ изјави за Би-Би-Си дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата.

Некои експерти стравуваат дека ќе се користи како бариера, спречувајќи ги Палестинците да се вратат во своите домови на север. Други рекоа дека се чини oti тоа е дел од планот на Израел да остане во Газа по завршувањето на сегашните непријателства.

Новиот пат минува низ северниот дел на Газа и започнува на границата на Газа со Израел во близина на Кибуц Нахал Оз и завршува во близина на брегот. Исто така, се вкрстува со патиштата Салах ал-Дин и Ал Рашид, двете главни артерии што минуваат низ територијата.

Иако има мрежа од патишта кои ги поврзуваат истокот и западот, новата рута на ИДF е единствената која континуирано минува низ Газа.

Анализата на сателитски снимки на Би-Би-Си открива дека ИДF изградила повеќе од пет километри нови патни делови за поврзување на претходно неповрзани патишта.

Поврзани теми

To top