Свет ИДФ

Израелската армија го објави писмото со оставка на шефот на разузнавачката служба

– Во саботата, 7 октомври 2023 година, Хамас изврши смртоносен изненаден напад врз државата Израел. Одделот за разузнавање под моја команда не одговори на задачата што ни беше доверена, вели Халива.

Израелската армија го објави писмото со оставка на шефот на разузнавачката служба

Израелските безбедносни сили на медиумите им ја доставија оставката на шефот на военото разузнавање генерал-мајор Ахарон Халива.

– Во саботата, 7 октомври 2023 година, Хамас изврши смртоносен изненаден напад врз државата Израел. Одделот за разузнавање под моја команда не одговори на задачата што ни беше доверена, вели Халива.

– Оттогаш го носам тој црн ден со мене. Ден по ден, ноќ по ноќ. Секогаш ќе ја носам со себе страшната болка на војната, додава главниот воен разузнавач во оставка.

Халива е првиот висок функционер кој поднесе оставка затоа што не го спречи терористичкиот напад на Хамас.

ИДФ претходно соопштија дека шефот на военото разузнавање Ахарон Халива поднел оставка поради неуспехот да го спречи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Во својата оставка Халива повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

„Во координација со началникот на Генералштабот, началникот на Управата за разузнавање, генерал-мајор Ахарон Халива, побара да ја прекине функцијата, по неговата лидерска одговорност како началник на Управата за разузнавање за настаните од 7 октомври.

Началникот на Генералштабот му се заблагодари на генерал-мајор Ахарон Халива за неговата 38-годишна служба во ИДФ, за време на која тој даде значителен придонес за безбедноста на државата Израел и како борбен војник и како командант“, се вели во објава на ИДФ на социјалните мрежи.

Ова е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност.

На 7 октомври минатата година терористи од Хамас извршија напад врз Израел во кој убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250, што ја предизвика војната во Газа.

Најнови вести од Свет

To top