Израелската армија соопшти дека го ликвидирала командантот на Хамас, Ахмед Сијам, кој, како што се наведува, „држел како жив штит околу 1.000 жители на Газа во болницата Рантиси“.
Во соопштението се наведува дека по разузнавачките информации собрани од Шин Бет и Управата за воено разузнавање, израелските војници упатиле борбен авион да ја нападне локацијата каде што се наоѓал Сијам, командантот на единицата Насер-Радван на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Војската соопшти дека Сијам бил убиен додека се криел во училиштето Ал Бурак во градот Газа, заедно со други оперативци на Хамас под негова команда. (МИА)