Израелската војска денеска соопшти дека проектили, крстосувачки ракети и беспилотни летала биле испукани во текот на ноќта кон израелска територија, главно од Либан.
„Во текот на ноќта и утринските часови, околу 150 проектили, крстосувачки ракети и UAV беа лансирани кон израелска територија, повеќето од нив насочени кон северен Израел“, се вели во соопштението на војската
Тие додаваат дека има „мал број случаи на погодени цели“. но нема „значителна штета“.