Израелската војска објави дека ја лоцирала досега најголемата подземна фабрика за оружје во Појасот Газа, која произведувала ракети со долг дострел, способни да погодат цели во северен Израел.
Војската соопшти дека фабриката произведувала стандардна муниција како што се гранати и била поврзана преку подземни шахти со мрежа од тунели што се користат за транспорт на оружје за борците во Појасот Газа.
Израелската армија вчера одведе група новинари на обиколка на палестинскиот бегалски камп Буреиј во центарот на Појасот Газа каде што се наоѓа фабриката.
Израелските власти тврдат дека Хамас намерно поставува воена инфраструктура, вклучително и тунели во цивилни области за да го отежне нападот на Израел. Хамас го негира ова и тврди дека Израел неселективно напаѓа цивилни цели.