Свет свеќите се причинителот

Изгоре и меморијалниот центар за жртвите од пожарот во Кран Монтана

Според оценка на пожарникарите, шаторот пламнал од запалените свеќи Огнот не бил намерно подметнат. Спасена е само книгата во која илјадници луѓе запишувале изрази на сочувство.

Изгоре и меморијалниот центар за жртвите од пожарот во Кран Монтана

Во пожар изгоре големиот шатор поставен во Кран Монтана како импровизиран меморијален центар за жртвите од пожарот во ноќниот клуб „Ле Констелејшн“ на новогодишната прослава.

Според оценка на пожарникарите, шаторот пламнал од запалените свеќи Огнот не бил намерно подметнат. Спасена е само книгата во која илјадници луѓе запишувале изрази на сочувство.

Во пожарот во ноќниот клуб на новогодишната прослава загинаа 41 лице, а 116 беа повредени. Најмалку една половина од жртвите се малолетници.

Задутре пред суд треба да бидат сослушани сопствениците на ноќниот клуб, Жак и Џесика Морети, кои се обвинети за ненамерно предизвикување пожар, убиства и телесни повреди.

Под кривична истрага се и шефовите за јавната и противпожарната безбедност на Кран Монтана, откако беше утврдено дека во барот од 2019 година не биле спроведени задолжителните годишни инспекции.

To top