Свет

Исламабад: Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Иран се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормуската Теснина, изјави синоќа министерот за надворешни работи на Пакистан Исхак Дар.

Исламабад: Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Иран се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормуската Теснина, изјави синоќа министерот за надворешни работи на Пакистан Исхак Дар.

Дар во објава на X рече дека „владата на Иран се согласи да дозволи уште 20 бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормуската Теснина“.

– Два брода секојдневно ќе го преминуваат протокот – додаде тој.

Дар ја поздрави одлуката како „гласник на мирот“ што „ќе помогне да се воведе стабилност во регионот“.

– Дијалогот, дипломатијата и ваквите мерки за градење доверба се единствениот пат напред – нагласи министерот, кој исто така ја извршува функцијата заменик-премиер.

Пакистан дели граница со Иран долга околу 900 километри и е посредник во услови на зголемен страв дека војната на САД и Израел со Иран би можела да продолжи да се шири во поширокиот регион.

Објавата дојде неколку часа пред планираниот состанок на највисоките дипломати од Саудиска Арабија, Турција и Египет, кој треба да се одржи во Исламабад денеска и утре.

Министрите за надворешни работи на Египет и Турција вчера пристигнаа во пакистанскиот главен град.

Во меѓувреме, Дар рече дека одржал телефонски разговор со својот ирански колега Абас Арагчи, за време на кој ја нагласил потребата од деескалација, истакнувајќи дека дијалогот и дипломатијата остануваат единствениот остварлив пат до траен мир.

– Пакистан останува посветен на поддршката на сите напори насочени кон враќање на регионалниот мир и стабилност – рече министерот.

Поврзани теми

To top