Свет „Иран итернешенал“

Иран доби нов врховен лидер: Хамнеи наследен од неговиот син

Како млад учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на ИРГ, а подоцна ја води паравоената организација „Басиј“, која учествуваше во задушувањето на протестите по изборите во 2029 година.

Иран доби нов врховен лидер: Хамнеи наследен од неговиот син

Иранското собрание на експерти го избра Мојтаб Хосеини Хамнеи за нов врховен водач на Исламска Република, објави „Иран итернешенал“.

Според истиот извор, изборот е направан под притисок на Исламската револуционерна гарда.

Хамнеи го наследува татко си, Али Хамнеи кој загина во израелски воздушен напад рано во саботата.

Станува збор за вториот најстар син на поранешниот врховен водач.

Како млад учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на ИРГ, а подоцна ја води паравоената организација „Басиј“, која учествуваше во задушувањето на протестите по изборите во 2029 година. (МИА)

To top