-Ова бомбардирање ќе создаде хаос и ќе го зголеми интензитетот на конфликтот во регионот, изјави советникот за медиуми на ирачкиот премиер Хишам ал Рикаби.
Според него, она што се случи е „неоправдана агресија, лишена од каков било меѓународен легитимитет во односите со суверените држави“.
САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.
Хутите поддржани од Иран во последните неколку недели напаѓаа бродови на важните поморски патишта и лансираа беспилотни летала и проектили врз Израел.
Членот на политбирото на Хутите, Мохамед Али ал Бухаити, денеска изјави дека јеменската милитантна група ќе напаѓа бродови поврзани со САД и Велика Британија.