Свет

Индискиот премиер Моди отвори стратешки важен тунел во спорниот регион Кашмир

Властите денеска распоредија полицајци и војници во областа и поставија повеќе контролни пунктови на клучните раскрсници како засилена безбедносна мерка за посетата на премиерот. Војниците исто така стационирале стрелци на неколку точки и вршеле надзор со беспилотни летала за да ја осигураат безбедноста.

Индискиот премиер Моди отвори стратешки важен тунел во спорниот регион Кашмир

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска отвори стратешки важен тунел во спорниот регион Кашмир кој ќе обезбеди пристап до градот Сонамарг, кој беше изолиран во зима поради снегот.

Проектот вреден 932 милиони долари вклучува втор тунел и серија мостови и високопланински патишта кои ќе го поврзат Кашмир со Ладах, регион меѓу Индија, Пакистан и Кина кој со децении се соочува со територијални спорови.

Експертите велат дека тунелот е важен и за војската, бидејќи ќе и овозможи да дејствува во Ладах, а во исто време ќе им овозможи на цивилите слободно движење во текот на целата година помеѓу долината Кашмир и Ладах.

Со висок степен на безбедност, Моди го посети одморалиштето Сонамарг каде го отвори тунелот долг 6,5 километри.

Вториот тунел, долг околу 14 километри, ќе го заобиколи преминот Зоџила и ќе го поврзе Сонамарг со Ладах и се очекува да биде завршен во 2026 година.

Властите денеска распоредија полицајци и војници во областа и поставија повеќе контролни пунктови на клучните раскрсници како засилена безбедносна мерка за посетата на премиерот. Војниците исто така стационирале стрелци на неколку точки и вршеле надзор со беспилотни летала за да ја осигураат безбедноста.

Во 2019 година, Њу Делхи го лиши Кашмир од специјалниот статус на полуавтономна област. Федералната влада потоа ја подели поранешната држава на две централно администрирани територии, Ладах и Џаму – Кашмир, со што беше означен првпат во индиската историја еден регион да биде деградиран на федерално управувана територија.

Индија и Пакистан управуваат со дел од Кашмир, но и двете земји претендираат на територијата како целина.  (МИА)

To top