ИЕА, претходно претпоставуваше дека оваа година ќе има вишок на сурова нафта. Најголемите земји-производители на нафта на почетокот на март одлучија намалениот обемот на производството да продолжи до средината на 2024 година. Во месечниот извештај на ИЕА се претпоставува дека ограничувањата ќе останат во сила до крајот на годината.
Променетите претпоставки значат дека очекуваниот биланс на сурова нафта покажува благ дефицит, а не значителен суфицит како во минатомесечниот извештај, соопшти агенцијата со седиште во Париз.
ИЕА, исто така, ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната дневна побарувачка на нафта оваа година за 110.000 барели на 1,3 милиони барели, укажувајќи на подобрените економски изгледи во САД и зголемената побарувачка за поморско гориво. Големите бродски компании сè повеќе ја менуваат рутата поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвено Море, што доведува до подолги патувања за бродовите што пловат помеѓу Европа и Азија.