Свет уништена „терористичка инфраструктура“

ИДФ во последните 24 часа погодиле 250 терористички цели во Газа

Израелската армија бомбардираше околу 250 „терористички цели“ во Појасот Газа во текот на изминатиот ден, соопштија изутринава Израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ во последните 24 часа погодиле 250 терористички цели во Газа

„Трупите на ИДФ продолжуваат да лоцираат оружје, подземни шахти, експлозиви и дополнителна воена инфраструктура. Копнените трупи на ИДФ упатија борбен авион да нападне два ракетни фрлачи од кои терористите вчера (вторник) истрелаа низа ракети кон централен Израел“, посочуваат од армијата.

Во нападите, борците од исламистичкиот Хамас и палестинскиот исламски џихад беа елиминирани и беше уништена „терористичка инфраструктура“, соопшти армијата.

Војниците на ИДФ исто така нападнаа „терористичка ќелија“ која оперира во близина на училиште во северниот дел на Појасот Газа, се вели во соопштението. Според ИДФ, во друго училиште на северот биле пронајдени оружје и муниција.

Тековната војна во Газа беше поттикната од нападот врз Израел на 7 октомври, започнат од Хамас и други милитантни групи, при што загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници во Газа.

Најнови вести од Свет

To top