Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана собориле 11 од 16-те експлозивни беспилотни летала лансирани од либанската милитантна група Хезболах во последните 72 часа.
Во видеото објавено од ИДФ на платформата Икс, може да се видат снимки од соборени дронови, пишува „Тајмс оф Израел“.
Групата Хезболах ја презеде одговорноста за лансирањето на десетици ракети „Качуша“ и „Фалак“ врз градот Кирјат Шмона на северот на Израел. (МИА)