Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уништиле тунел на Хамас долг четири километри во Газа, во кои имало оружје и оперативни простории.
„Тунелот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа неодамна беше урнат од борбени инженери. Тунелот беше долг четири километри, содржеше оружје и имаше неколку простории каде што престојуваа оперативците“, соопшти ИДФ.
Како што велат, работата за уривање на тунелот започнала пред една година и беше завршена во последните неколку дена.
ИДФ дополнително наведе дека по размената на оган со терористичките оперативци во Рафа минатата недела, за време на која беа убиени шест вооружени лица, војниците пронајдоа воена опрема, упатства за изработка на бомби и најмалку една експлозивна направа во областа.