Свет

ИДФ открија тела на петмина заложници во Газа

Израелската армија синоќа пронашла тела на пет заложници убиени од палестинското движење „Хамас“ во нападот на 7 октомври, а потоа држени во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Маја Горен, 56-годишна воспитувачка во градинка, била убиена во нападот на Кибуц Нир Оз, соопшти Израелското воено радио. Нир Оз е една од населбите најтешко погодени во крвавата офанзива на Хамас во јужен Израел.

Останатите четири тела се на израелски војници убиени додека се бореле со исламистите на 7 октомври, соопшти ИДФ. Нивните тела беа пронајдени во областа Кан Јунис во јужна Газа, каде израелските сили започнаа нови операции во изминатите неколку дена.

Хамас се уште држи околу 120 заложници во Појасот Газа.
Во вчерашното обраќање од говорницата на американскиот Конгрес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата влада напорно работи на ослободување на останатите негови киднапирани сонародници и изрази уверување дека овие напори на крајот ќе бидат успешни.

Израелска делегација следната недела ќе учествува во преговорите со посредство на САД, Египет и Катар за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјави вчера израелски претставник.

To top