Свет идф

ИДФ: Нападнато е седиштето на ИРГЦ во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека за време на бранот воздушни напади во јужните предградија на Бејрут извршени попладне, погодено е седиштето на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), како и неколку локации на Хезболах.

Според ИДФ, седиштето им служело на воздухопловните сили на ИРГЦ, објавува „Тајмс оф Израел“.

Дополнително, израелската војска соопшти дека погодила три штабови на Хезболах – поморскиот команден центар, извршниот совет и финансиската служба на милитантната организација.

ИДФ вели дека овие штабови биле користени за планирање и извршување напади на Хезболах врз Израел.

To top