Свет УНРВА

И лекари без граници против израелската одлука да се забрани работата на УНРВА

Лекари без граници повика на итна меѓународна интервенција со цел да се изврши притисок врз Израел да ја повлече одлуката и да се овозможи пристап до основната помош и да се постигне примирје во Појасот Газа.

И лекари без граници против израелската одлука да се забрани работата на УНРВА

Лекари без граници им се придружи на голем број хуманитарни организации во осудата на одлуката на израелскиот Парламент да усвои закон со кој се забранува работата на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) во Израел.

– Забраната ќе има катастрофални последици по хуманитарната ситуација во Газа и во Западен Брег, каде милиони луѓе се потпираат на УНРВА за основна помош, се наведува во соопштението на организацијата.

Генералниот секретар на Лекари без граници, Кристофер Локир истакна дека „таквата одлука е кулминација на долготрајната кампања против организацијата, со последици кои ќе влијаат врз идните генерации“.

To top